Ново „СЈО“ ќе ги тресе политичарите!

by vlatko 00:00
00:00

Најверојатно не постои човек кој ќе се сети на корупциска афера откриена од Антикорупциската комисија во 2015 година додека на претседателското столче седеше Горан Миленковски. Иако во тој период опозицијата пукаше „бомби“, односно откриваше големи афери, за жал ниту една не ја погоди Државната комисија за спречување на корупцијата, или барем малку да ја затресе.

Напротив, Миленковски ќе остане запаметен само по обидот да го сокрие имотот на поранешниот премиер Никола Груевски, бидејќи комисијата не дозволи споредба на анкетните листови кои Груевски ги поднел на почетокот на стапувањето на функцијата, и по завршувањето.

„Најљубезно ве замолувам прашањето за имотот на поранешниот премиер Груевски да го затвориме за век и векови амин“!

Неговиот наследник, Игор Тантуровски, пак, наместо да го обели образот на антикорупционерите, уште толку го извалка, бидејќи во негово време се случи скандалот со патните трошоци, односно се откри дека членови на комисијата со лажни налози си ставале илјадници евра в џеб.

Па, наместо да откриваат и проследуваат предмети до обвинителството, самите станаа предмет на истрага.

Пишува
Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”