Во период од речиси 2 децении до 2006 година досега, повеќе од 30 пати се менувал и дополнувал Изборниот законик, изјави неодамна првиот човек на ДИК, Борис Кондарко.
Набргу потоа, собранискиот спикер Африм Гаши истакна дека на координацијата сите се согласиле дека треба да разговараат со цел консензуално да донесат нов Изборен законик.
Воедно, и премиерот Христијан Мицкоски деновиве посочи дека тече изработка на нов закон, но процесот ќе се интензивира по завршувањето на повторените избори на почетокот на следната година.
Па, дали во новото изборно законодавство ќе бидат имлементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои предвидуваат ефикасни заштитни мерки против злоупотреба на државните ресурси и притисок врз гласачи, транспарентност во делот на финансирање партии за време на кампања и на платеното политичко рекламирање?
Притоа, можна ли е промена на изборниот систем во насока на воведување една изборна единица?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК