Некој лапа, некој го папа!

by Фокус

Искрено, прв пат помислив дека не им било лесно ни на „нормалните“ медиуми, оние, де, што саде убавини гледаат од Преродбата и лапаат евра.

Да ти дели лекции „началникот“ , па да ти наредува Мартин по сугестија на Горде „кој од каде дознава“, кој ќе лета од работа, е стресно.

Ние си нема(в)ме такви маки. Нас нѐ сотруваа(т) на суд. Оној што им е како гранапче. Остварува- задачи.

Вака земено, разликата меѓу дворските медиуми и на „ненормалните“ што ја критикуваме власта се сведува на дилемата: сакаш змијата да те апне или магаре да ти го бапне!?

Не, не е баш така.

Како што „началникот“ ја ѕвекна историската мисла „Лапа  Емил, ама лапа и Горан“, та спомена евра во милиони, ние го „папавме“ само за клевета на „началникот“ цирка 12.000 евра.

Го попапавме, демек! Некој лапа, некој го „папа“!

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”