Во крајна линија, и на мафијашите, и на партиските бизнисмени што се збогатиле само затоа што се блиски до власта, не е толку шеф власта, колку што е шеф јавното мислење.
Ако народот почне да бара некој да му застане на пат на дивеењето на дивјаците, владејачката партија, ако сака да остане на власт, мора да покаже дека недопирливите и не се баш толку многу недопирливи.
Значи, некој хохштаплер станал милионер оти е близок со власта.
Некој мангуп станал моќен мафијаш оти владејачката партија го штити, додека тој исполнува валкани нарачки за неа.
Без власта да стои зад нив, хохштаплерот ќе си остане хохштаплер, а мангупот мангуп, ама со власта зад нив стануваат угледни ликови.
А што ја прави некоја партија владејачка партија, што на политичките моќници им дава дава политичка моќ? Рејтингот, кој носи гласови на избори.
Ако народот не ти дава гласови, нема да имаш власт, а тогаш нема да ти бидат на услуга ни контроверзните бизнисмени и мафијаши.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК