Национализација на зелениковски начин

by Фокус 19:00
19:00

Една владина кампања ги повикуваше граѓаните да ги откупат дворните места по едно евро за квадрат. Потоа по истата цена куќните совети низ зградите имаа можност да го откупат земјиштето под зградата и просторот наоколу. Не навлегуваме во оправданоста на потезите, но секако тоа се начини како да се наполни државната каса.

Правило е дека кога државата продава, граѓанинот купувач мора да плати за да стане сопственик на дворот, а потоа сам ќе одлучува дали ќе насади зеленчук и овошје, дали ќе биде тревник или ќе го претвори во градежна парцела.

- Advertisements -

Но, што се случува кога државата мора да купи од граѓаните? Дали таа секогаш плаќа за имоти што ги одзема за остварување на јавен интерес? Има ли начин како таа да ескивира од обврската?

Примерот со Владимир Вангелов од Скопје открива дека државата не издвоила ниту евро да му плати кога решила низ неговиот двор во куќата во село Таор да поминува локален асфалтиран пат.

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”