Од СДСМ и целиот прозападен табор, причините поради кои мнозинството граѓани, особено мнозинството етнички Македонци не застанаа зад нив на референдумот и не му дадоа и сѐ уште не му даваат поддршка на процесот на менување на името се фамозното руско влијание или пак резидуалната пропаганда на режимот која го труеше народот цела деценија.
Па, затоа, ако само ги елиминираат тие причини, преку жестока репресија врз сите форми на вистинско или имагинарно русофилство во земјава, а воедно ги сотрат и сите форми на десничарско изразување и делување, народот ќе се „освести“ конечно и ќе застане на нивна страна.
Но, тоа нема да се случи, оти секогаш погрешната дијагноза за причините на „болеста“ води кон погрешна „терапија“, која, пак, секогаш води кон неуспех во „лекувањето“.
Не се помалку во заблуда и во ВМРО-ДПМНЕ.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”