Наместо политичарите едни со други да се надмудруваат, тие се надглупуваат

by fokus

Зајко да беше мудар, наместо да го антагонизира оној дел од гласачкото тело на кое брусењето на сонцето од Кутлеш му пречи, небаре од срце им го брусат тој симбол, ќе си распишеше тендер за набавка на нови капаци за шахти на кој ќе се јавеше некоја од фирмите што доби грант за иновации, каде се вработени деца на пратеници од СДСМ, а вистински газда е член на кланот Заеви, ќе ги заменеше старите со новите, а оние со сонцето ќе му ги подареше на ВМРО-ДПМНЕ како чин на национално помирување. Мицко ќе ги примеше и свечено ќе се заречеше дека во подрумот на партијата ќе ги чуваат капаците спремни за денот кога пак ќе бидат вратени на старите позиции и така и Зајакот ќе беше сит и вмровците ќе си направеа пропаганда.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК