Промовирањето на безнадежност кај народот е лукава тактика, и добронамерните луѓе не треба да подлегнуваат на неа. Создавањето ниски очекувања кај граѓаните води кон тоа оние што треба да ги казнат вистинските виновници да не чувствуваат притисок од јавноста да си ја завршат својата работа.
Ако надлежните служби се убедени дека народот бара и чека да се одреди кој е одговорен за некоја трагедија, тогаш мора да го најдат виновникот.
Но, ако се убедени дека народот не очекува реално да се истера правдата до крај, ако луѓето кренале раце оти некој ги убедил да немаат надеж и вера во системот, тогаш надлежните и нема да мора баш премногу да се трудат за да го најдат и казнат вистинскиот виновник.
Народот што ништо добро не очекува од надлежните, не може да биде разочаран. Плус, може да биде и позитивно изненаден, ако се понуди минимален, но добар резултат.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК