На народот што знае да свири на политичките инструменти, сите политичари му играат пиперевка

by bogdan 16:53
16:53

Ако „Сејф сити“ е четка, сликата би била град со помалку сообраќајни несреќи. Ако „Сејф сити“ е саксофон, чочек би биле улиците на кои нема жртви од пребрзо возење. Ако на уметникот му се одземе четката, зар нема со молив да нацрта ремек-дело? Ако на свирачот му се одземе саксофонот, нема ли и на кавал на отсвири чочек?

Истото важи и за политичката моќ, која било во опозицијата како лидер на најголемата опозициска партија, било во власта како премиер на државата, е само инструмент преку кој уметниците (т.е. политичарите) можат да креираат ремек-дела. Ако имаш талент, и на кавал можеш да отсвириш некој хит.

Ако си дудук (метафора за неспособен), и со гитарата на Елвис Присли во рацете, и со целата моќ на располагање, џабе ќе си губиш време.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК