На болните од рак им била одземена последната надеж преку лекување со погрешни лекови или со „предозирање“ со хемотерапија и со биолошка терапија!

by vlatko 00:00
00:00

Од сите прегледани медицински истории, 65 биле издвоени, испратени и анализирани од вешти лица во Србија и во Словенија.

Словенечките експерти потврдиле несовесно лекување кај 29 пациенти, додека, пак, дополнителни 18 биле потврдени од српските вештаци.

Тоа значи дека кај вкупно 47 пациенти болни од рак било докажано несовесно лекување, а на нивна сметка се зголемувале финансиските злоупотреби на клиниката, особено со биолошката терапија, каде што една ампула чини од 2.000 до 8.000 евра.

Тоа што уште покажале вештачењата е дека на многу од пациентите им била дозирана многу поголема терапија од неопходната, а истовремено им била давана и комбинирана терапија, поточно хемотерапија и биолошка терапија, но во многу поголеми дози од нормалните.

Тоа дополнително го уништувало организмот на болните пациенти.

Вештачењата уште покажуваат дека досиејата биле чешлани едно по едно, па така на одредени болни, многу често им била менувана терапијата, без да дозволат воопшто да почне да дејствува.

За еден вид карцином ги предозирале со различни биолошки терапии, од кои повеќето не им одговарале.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК