Мухамед Зекири: Македонците и Албанците ќе го поразат лажниот патриотизам на Груевски и Ахмети!

by fokus

Мухамед Зекири последните неколку години е ТВ ѕвезда во македонското политичко новинарство. Со својата емисија „Патот кон..“ ја освои публиката на македонски и на албански јазик, а ТВ Алсат во негово време се искачи на врвот на гледаноста на информативните програми поради неговата непристрасност и професионализам како главен уредник.

Минатата година Зекири замина во ТВ Шења, каде што го продолжи својот новинарски ангажман, но пред неколку недели јавноста беше изненадена од неговиот потег да му се приклучи на опозицискиот СДСМ.

Зекири беше избран за член на Централниот и Извршниот одбор на партијата, што предизвика најразлични коментари и озборувања.

Оттогаш стана мета на „куририте“ кои го следат секој негов чекор, објавувајќи фотографии и спектакуларни приказни чија намера е да се отстрела политичкиот противник, а опозицијата да се прикаже како предавничка.

За „Фокус“ Зекири зборува за курирската хајка и за фамозната фотографија снимена во Генерал Јанковиќ, за изјавата на Заев за употребата на албанскиот јазик која рафално беше пречекана од владината пропаганда, за лажниот патриотизам на Али Ахмети и Никола Груевски, за шансите СДСМ и граѓаните да извојуваат победа за Македонија на 11 декември

Разговарал
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”