Додека светот јасно чекори кон дигиталната иднина, Македонците сѐ уште чекаат редови за да извадат извод на родените не постар од шест месеци, бидејќи постои начин да се извади електронски меѓутоа доставата трае со денови или недели и грешките се негов составен дел.
Во време кога Европската Унија веќе го развива концептот на дигитален идентитетски паричник, кој ќе им овозможи на граѓаните да ги имаат сите лични документи на мобилен телефон, Македонија сè уште се соочува со технички и административни предизвици.
Овие пречки се повеќе од јасен показател дека државата не е целосно подготвена за воведување ваков електронски модел бидејќи инфраструктурата за е-идентификација и доверливи услуги е сè уште во развој.
Пишува
Сара ТАНАСКОСКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК