Најголемата владејачка партија, на половина од мандатот, дополнително ги зајакнува своите позиции и влијание во највисоките ешалони на извршната власт.
И тоа многу веројантно е една од главните цели на реконструкцијата, освен самиот примарен мотив – да се внесе „свежа крв“ и дополнителна енергија онаму каде што, како што и самиот премиер призна, постои истрошеност на капацитетите и неможност да се понуди нешто ново.
Вториот добитник – е коалицијата ВРЕДИ, која во овие две години се трансформираше во единствена партија. Точно е дека го препушти Здравство на „поголемиот брат“ во владата, но за сметка на тоа – направи добар „улов“ со добивањето на Култура и, особено Правда.
Може да се насети дека преземањето на Министерството за правда од ВРЕДИ, значи, меѓу другото, и финализирање на решавањето на друго сензитивно политичко прашање – она за полагањето на правосудниот испит на правниците Албанци.
Смената на Филков во Правда беше најголема „запнувалка“ во преговорите за реконструкција што ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со ЗНАМ, а по што според првичните проценки, партијата на Максим Димитриевски излегува со ослабнати позиции во извршната власт.
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК