Мицкоски и Меџити го турнаа Ахмети кон политичка пензија и ги разбудија амбициите на Таравари за албански водач – дали Апасиев ќе успее да го замени Филипче?

by bogdan 10:42
10:42

ВМРО-ДПМНЕ веќе се доживува како убедлив победник на локалните избори, со оглед дека освои над двојно повеќе гласови на советничките листи во споредба со СДСМ и го подобри сопствениот резултат од пред 4 години, а по вториот круг се очекува да освои десетина градоначалници повеќе од сегашните 42.

Сепак, партијата бележи пад од над 100.000 гласови во споредба со ланските парламентарни избори.

Што се однесува до СДСМ, партијата продолжи да бележи пад, имајќи предвид дека на советничките листи освои помалку гласови и од претходните локални и од минатите парламентарни избори.

Инаку, во главниот град, Левица стана втора македонска партија, поради што се прогласи за лидер во опозиција, независно што на државно ниво многу заостанува зад СДСМ и постигна послаб генерален резултат во однос на ланските избори.

Во албанскиот блок, пак, коалицијата НАИ предводена од ДУИ освои околу 22 илјади гласа повеќе од ВЛЕН на советничките листи, што е далеку од проектираните очекувања и најави дека ќе победат со 2 или 3 спрема еден.

На крајот, НАИ постигна минимална математичка победа, но тоа е пораз во политичка смисла, бидејќи ДУИ имаше поддршка од цела Алијанса за Албанците, а ВЛЕН неодамна беше поделен.

Згора на тоа, ВЛЕН победи во најголем број од мнозинско албанските општини, вклучително и во Чаир и во Тетово, и тоа самостојно – без коалициска поддршка. Сето тоа го отвора прашањето за иднината на опозицијата.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК