Матичните книги скапуваат во руинирани објекти и граѓаните добиваат изводи со грешки, а процесот на дигитализација е на половина пат, иако досега „изеде“ 8,5 милиони евра!

by vlatko 00:00
00:00

Додека архивската граѓа за матично работење се оштетува, уништува па дури и исчезнува, поради што веќе не може да се користи за потврдување на запишаните податоци, процесот на дигитализација на матичните книги сè уште не е завршен, утврди Државниот завод за ревизија.

Иако за таа цел во изминатава деценија се потрошени 8,5 милиони евра, досега скенирани се 52 проценти од записите, додека во електронскиот регистар внесени се 49 проценти. Во меѓувреме биле ангажирани и плаќани хонорарци за скенирање и внесување матични книги, но тие вршеле други работи.

Истовремено, Управата за матични книги кубури со професионален кадар, додека оние луѓе што се на располагање често издаваат изводи со грешки.

Инаку, „Фокус“ своевремено пишуваше за еден од тендерите за дигитализација на матични книги, по што Финансиската полиција поднесе кривична пријава, а Антикорупциската комисија реагираше дека се злоупотребувале лични податоци. Сепак, од Јавното обвинителство не добивме одговор каква е судбината на овој случај.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК