Изборот на Нина Ангеловска е најмалку плод на наивноста на Заев. Станува збор за внимателно избирана личност, која треба да донесе драстични и брзи промени кои би ја раздвижиле економијата буквално преку ноќ. Со нејзиното поставување раководството на СДСМ буквално се коцка со својата политичка иднина.
Експертите велат дека преминот од економскиот конзервативизам на Тевдовски кон евентуална подинамична и порискантна фискална политика на Ангеловска навистина теоретски може да донесе брзи економски резултати. Но прашање е во каква кондиција се државните финансии и приватниот сектор за да можат да ги следат овие планови кои ќе бараат големи инвестирања.
Неискуството на Ангеловска е планирано да се покрива или со формирање фискален совет или со некој сличен проширен советнички тим, но сублимирано постојат милион работи кои може да тргнат по зло, како за Ангеловска, така и за сите нас
Пишува
Петар ВАСИЛЕВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК