Максим Димитриевски: Професионалците во МВР и во АРМ нема да дозволат да ги злоупотребат Груевски и Иванов

by fokus

Пратеникот Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ, минатата недела беше во центарот на вниманието на јавноста, откако објави дека група насилници, татко полицаец и неговиот син, го нападнале него и неговите гости во кафеаната „Палас“, каде што присуствувал на семејна веселба. МВР и ВМРО-ДПМНЕ бргу го сменија наративот и преку своите пропагандни медиуми го распнаа во јавноста дека тој всушност бил насилникот и дека наводно го претепал момчето!

Димитриевски, со кој разговаравме и за нападот што се случил во кафеаната, во интерес на истрагата не сака да ги открива сите детали, но вели дека е кристално јасно кој бил напаѓачот, а кој жртвата, што може да се види и од видеоснимката, а тоа го потврдуваат и бројните сведоци и инсистира МВР професионално да ја заврши истрагата, иако е свесно дозволено да се уништат многу материјални докази.

Пратеникот за „Фокус“ зборува и за можноста од злоупотреба на патриотските здруженија за криминалните цели на Фамилијата, како и на армијата и полицијата од страна на Иванов и Груевски.

Сепак, како што вели, верува во професионалците во АРМ и МВР и се надева дека поделбите меѓу граѓаните што сака да ги предизвика режимот нема да му успеат

Разговарал
Зоран ДИМИТРОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”