Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта, беа отповикани над 10 амбасадори упатени за време на претходната влада на СДСМ, главно со образложение дека не биле на сослушување на собраниската комисија за надворешна политика.
Поточно, 8 амбасадори беа отповикани со вакво формално образложение, додека во меѓувреме беа повикани на консултации во МНР и им прекина мандатот на уште неколку амбасадори, меѓу кои беа добропознатите Фрчкоски и Жерновски.
Сепак, многумина од „старата гарда“ продолжија да ја извршуваат амбасадорската функција до ден денес, како што е случајот со Тупанчевски, Милевски, Адеми…
Притоа, во оваа група спаѓа и македонскиот амбасадор во Русија, Ненад Колев, иако се испостави дека предизвикал инцидент среде Москва во алкохолизирана состојба.
Иако овој „скандал“ се случил пред 2 години, сепак тој беше обелоденет сега, додека земјава водеше т.н. стратешки дијалог со САД.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК