Започнал со едно дуќанче уште во 1981 година, а по речиси три децении ќе раководи со успешна компанија, бренд со 230 вработени.
Никогаш не работел во државна фирма и никогаш не егзистирал од државни тендери затоа што не сакал успехот во работата да му зависи од некој министер. Исклучокот, кога во 2008 ќе учествува на тендерот на ФПИОМ, верува дека е почеток на крајот на „Бујото“.
Иако ќе успее двапати да го поништи тендерот, сепак нема да промени ништо. Завршниот удар ќе го добие од банката, а со некакви општи фрази.
Неодамна, по десет години, Љупчо Стојковски, познат како Бубе Бујото, поднесе кривична пријава до обвинителството затоа што смета дека буџетот бил оштетен за половина милион евра со така спроведениот тендер.
Инаку, Бубе Бујото во 1994 година, заедно со Велија Рамковски го основаа Сојузот на стопанските комори, а беше и меѓу основачите на ДП на Петар Гошев.
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”