Љубомир Јосифовски е поранешен пратеник, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на Новата социјалдемократска партија (НСДП), коалиционен партнер на СДСМ во власта.
На конгресот закажан за 13 мај, Јосифовски ќе биде кандидат за претседател. Очекува во меѓувреме да се јават и други кандидати, а најверојатно ќе се бори против актуелниот претседател Тито Петковски, кој е лидер на партијата од нејзиното основање во 2005 година.
За „Фокус“ Јосифовски зборува дека е време по 13 години, НСДП да доживее кадровска смена на врвот и партијата да се врати на изворните принципи.
Вели дека не сака НСДП да биде третирана како помал брат, туку како партнер во владината коалиција.
Предлага кастрење на државната администрација и му забележува на владеачкиот СДСМ за начинот на кој е донесен Законот за јазиците
Разговараше
Зоран ДИМИТРОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”