Според информациите до кои дојде „Фокус“, станува збор за анестезиолог, кој доаѓа од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
Името на актуелниот доктор ѝ е познато на редакцијата, но, сепак, одлучивме да не го споделуваме, за да не создадеме поголем револт од тој што веќе постои меѓу неговите колеги.
Нашите извори тврдат дека докторот пречесто бил повикуван на работа и на други клиники, со оглед на тоа што нема доволно анестезиолози.
Сепак, без разлика колку и да работел, нема логика дека 31 ден во месецот, 24 часа бил работно ангажиран за да земе таква вртоглава сума на пари, што е сон за јавното здравство.
Исто така, голема улога може да има и дополнителната дејност, што им овозможува на лекарите да работат и надвор од работното време и приватно да заработат, но и тука можат да постојат одредени злоупотреби.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК