Лажен реформатор

by bogdan 09:56
09:56

Тоа што остави впечаток на последните пратенички прашања е одговорот на премиерот, кој од собраниската говорница тврдеше дека граѓаните се разочарани оти го гледаат лидерот на СДСМ, Венко Филипче, „во Дубаи како ужива на Харис Џиновиќ, а не е в затвор“ и затоа што „гледаат како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се в затвор.“

И вети дека „нема повеќе да ги разочарува македонските граѓани. Дали тоа значи дека ќе завршат зад решетки?

Нормално, секој треба да си одговара за тоа што го направил. Затоа постојат тие закони, нели! Меѓутоа, на истото ниво се и дел од неговите сопартијци, против кои демек се водела политичка хајка, оти нели тие не се криминалци со тапија.

Оф, мори жална Македонијо. Од тебе држава не бидува.

Сепак, најпаметно ќе му биде на Мицкоски да ги засука ракавите и да почне да го работи тоа што го вети на народот. Не го гласаа за џабе, со исклучок на тие што гласаа за партиски вработувања.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК