Роднините и блиските пријатели на македонските политичари се најчесто нивна десна рака во политиката, сојузништвото со нив е поцврсто од партиското, идеолошкото или политичкото зашто нераскинливата врска се заедничките бизнис-интереси.
Еден од нив е Димитар Димовски од ВМРО, близок соработник и некогашен бизнис-партнер на премиерот во бизнисот со хидроцентралите, чија сопруга стана директорка на Развојна банка, а во меѓувреме управуваат со уште неколку фирми.
Тука се и баџанакот на Мицкоски и неговиот прв братучед од Струмица, чии бројни фирми работат турбо.
На листата е и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, чие семејство успешно плови во бизнис-водите, а ништо поразлична не е и актуелната министерка за финансии и генералниот секретар на владата, Игор Јанушев.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК