Колку е подебел буџетот на државата, толку е потенок стандардот на граѓаните

by fokus

А знаете ли колку навистина треба и може да чини работењето на парламентот? Еве 120 пратеници да земаат по просечна плата, која е околу 25 илјади денари, тоа би дошло трошок за нивните плати од три милиони денари месечно или 36 милиони денари годишно или шестотини илјади евра.

Да има и претседателот на Собранието кабинет од десетина вработени (оти, што ќе му се повеќе), и тие да земаат исто просечна плата, и плус некои ситни трошоци за струја, вода и греење (сами нека си плаќаат телефон), и целиот буџет за парламентот би било доволно да е еден милион евра годишно.

Од секој гласач, по триесет денари годишно, или по едно кафе во кафуле во провинција. За тие пари, ќе бидеме задоволни и со квалитетот на аутпутот на Парламентот, каков што е сега, дефокусиран и збунет.

Ама не сме со таа среќа.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”