Колкави хонорари земаат ангажираните лица за изградбата на спортските сали што доцнат 188 месеци?

by fokus

Грандиозниот проект за изградба на 145 спортски сали, кој почна во времето на вмровците, го следат низа скандали во текот на сите овие години. „Фокус“ располага со список и фактури на дел од лицата што биле ангажирани во Министерството со договор на дело за потребите на проектот за изградба на 145 спортски сали.

На платниот список, кој оди преку проектната единица, секогаш има десетина луѓе, а исплатите одат преку Авторско правно биро.

Според нашите информации, дел од луѓето пред 2017 година зеле од 850 до 2.000 евра хонорари, но повеќето од нив не се во таа екипа.

Дали и сегашните десет „хонорарци“ земаат такви вртоглави суми на пари останува енигма. Проектот, кој почна во 2009, треба да финишира дури во 2024 година

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК