Пред половина година беше објавена информација дека инвестицискиот фонд со седиште во Луксенбург – „Ваексткапитал“, кој функционира под капата на „Ваекст Холдингс“, влегува во македонскиот пазар на недвижности, со декларирана амбиција да стекне сопственост врз илјада станoви во Скопје.
Притоа, во име на фондот настапи неговиот коосновач Јенс Киндберг, кој првично изјави дека веќе купиле 250 станови во изградба, со план до крајот на оваа 2026 година да купат уште толку, за во период од неколку години да ја остварат нивната ултимативна цел од вкупно илјада.
Во меѓувреме, оваа групација основаше 2 компании во земјава, со називи исти како добропознати градежно-инвестициски проекти – „Премиум Резиденце“ и „Рубик Тауер“.
Како што вели Киндберг за „Фокус“, веќе имаат инвестирано токму во овие станбени објекти или комплекси, без да каже за колку станови станува збор.
Она што тој го обелоденува е дека досега во земјава вложил лични средства во износ од над 20 милиони евра, но не открива кои (ко)инвеститори досега му се придружиле, ниту кој е дел од инвестицискиот фонд, кој, според дел од анализите, не е „традиционален отворен инвестициски фонд“, туку „комерцијална инвестициона група со меѓународна регистрација“, без детални информации за сопственици, менаџмент, инвеститори.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК