Најдобар лек за вообразени лидери на партии или на држави што мислат дека се премногу јаки, па никој друг не им треба, е токму моментот кога нивните брилијантни планови ќе се изјаловат и нештата ќе излезат од контрола.
Дури тогаш аздисаните сфаќаат дека исто како што бундата во лето е чист товар, ама во зима е многу убаво да се има, така и разните мали и ситни соработници и сојузници се сосема небитни кога сѐ се одвива според планот, ама се од животна важност кога нешто ќе тргне наопаку.
Па затоа, добро е одвреме-навреме некои работи да излегуваат од контрола, чисто за да не заборават големите играчи дека и малите играчи се битни, можеби не моментално, ама некогаш ќе затребаат, па добро е во меѓувреме да се однесуваат кон нив со пристојност и елементарна култура.
Иако сега се може и без некого, нека седи на заедничката трпеза, можеби еден ден кога ќе загусти, ќе затреба, не се знае никогаш што носи иднината.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК