Како транзициските олигарси станаа почесни конзули во Македонија?

by fokus

Во Македонија моментално делуваат над 30 почесни конзули во името на странски држави од Европа и светот, при што едно лице е почесен конзул на две држави, додека неколку држави назначиле по двајца, па дури и по тројца почесни конзули.

Притоа, меѓу нив може да се сретнат докажани конзули со престижни признанија, меѓутоа и контроверзни бизнисмени, професори, доктори, правници и други општествени дејци кои порано биле дел од политиката, а некои од нив и денес имаат одредени политички конекции.

Иако немаат ист статус како амбасадорите, сепак, и почесните конзули имаат поинаков статус од обичните граѓани, имајќи предвид дека виенската конвенција предвидува властите кон нив да се однесуваат „со почит“ при евентуална кривична постапка

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”