Како тече стечајот за „Соравиа“ и каква ќе биде судбината на атрактивната зграда во центарот на Скопје?

by bogdan 11:07
11:07

На почетокот на годинава беше покренат обид за продажба на деловниот центар „Соравиа“ преку извршна постапка на барање на бугарската „Прва Инвестициона Банка“, но овој обид беше пресретнат и спречен со отворање стечајна постапка врз „Соравиа Инвест“, а еден од предлагачите беше „Тхор Индустриес“, поврзана со семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Фокус“ изврши проверки како се одвива оваа стечајна постапка, па од податоците што ги обезбедивме произлегува дека досега се смениле неколку стечајни управници, додека првиот од нив бил променет на барање на УЈП – еден од членовите на привремениот Одбор на доверители, каде уште членува и кичевската фирма за обезбедување „2 СС“, против која беше отворен предмет за милионски тендер од ЈП за државни патишта за обезбедување на патарините.

Дали „Соравиа Инвест“ оди кон реорганизација или кон ликвидација и каква ќе биде судбината на деловниот објект „Соравиа“, кој вреди двојно повеќе од обврските кон доверителите и притоа секој месец генерира приливи од закупнини?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК