Како до компромис: Некако, секако или никако?

by vlatko 00:00
00:00

Веќе сме во Новата 2018 година. Оптимистот чека да дојде Новата година, а песимистот да биде сигурен дека старата заминала. Со претпазлив оптимизам, сепак, да се надеваме дека Новата година ќе ни биде малку подобра и посреќна. Или, барем да не ни е полоша и понесреќна од минатите.

Сѐ ќе се знае, рокот е до јуни-јули. Иако на Балканот и особено во Македонија не постојат крајни рокови. Ако тогаш ништо не се случи, песимистот би рекол: „Ситуацијата е лоша што полоша не може да биде“, на што оптимистот само би додал: „Може, може…“.

Затоа, некои повеќе сакаат да живеат како оптимисти и да се излажат, отколку да живеат како песимисти и секогаш да се во право. Бидејќи оптимистите прогласуваат дека живееме во најдобриот од сите можни светови, а песимистите стравуваат дека тоа е вистина.

Како и да е, среќна Нова 2018 Година! А кој знае, можеби и „Нова Македонија“!

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”