Како „дил ориентед“ министрите ги сокрија фирмите?!

by vlatko 00:00
00:00

Актуелниот министер за внатрешни работи, покрај адвокатската кариера, располагал и со фирма, но во сосема друга област и тоа тој успешно пливал и во консултантските води. Станува збор за компанијата „КЛК – Констракшн ленд консалтинг“ ДОО Скопје, основана пред речиси 14 години, поточно во 2011 година.

На листата најбогата, но и со огромна бизнис-кариера позади себе е и министерката за финансии, Димитриевска-Кочоска.

Таа, во моментов не фигурира на хартија, но затоа, пак, на официјалната веб-страница на компанијата стои како основач – финансиски консултант. Во бизнис-водите пливаат и министрите Владо Мисајловски и Борко Ристовски, но нивните фирми се водат на имиња на нивните брачни другари.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК