Каде што има „секира во мед“, редовно има и „нож во грб“

by vlatko 00:00
00:00

Груевски со години живееше како „бубрег во лој“. А од него на многумина им беше „срцето во петици“. Некои не сакаа да видат што ѝ прави тој и на државата и на својата партија, баш ко „главата во песок“ да им беше.

Тој сега тврди дека бил урнат плански, оти им бил „трн во око“ на некои странски интереси. Затоа го донесе на позиција новиот лидер, кој е една вистинска „мачка во вреќа“ кога станува збор за неговите идни планови и намери.

Грујо е убеден дека новиот лидер просто нема „вода во очи“ и дека е спремен да ја стави сопствената „глава во торба“, додека ги исполнува неговите очекувања. Но, новиот лидер треба да знае дека сѐ додека го слуша Груевски, тој држи „змија во пазуви“.

Секој глупав потег ќе му се залета како „јагоди во грло“, и ќе го нервира како „болва во уво“. За да не остане со „прстот во уста“, или уште пострашно, со „стапот во рака“, тој мора уште веднаш да одлучи да не се однесува како „гуска во магла“, и ако го направи тоа, еден ден, многу скоро, и тој ќе си дочека и нему да му падне „секира во мед“, т.е. да дојде на власт.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”