Интервју | Слаѓана Анѓелкоска: Децата ни заостануваат во развојот, изневерени од родителите и од образованието!

by fokus

Јавноста беше фрапирана пред шест години кога ПИСА тестирањето врз младите покажа дека две третини од нив се функционално неписмени по читање, математика и природни науки. Дали се подобрија работите од тогаш? Не, само се влошија.

Најновото ПИСА тестирање, спроведено во 2022 година, покажа полоши резултати, младите назадувале уште повеќе. Последно од истражувањата што ги испитуваат когнитивните капацитети на младите е спроведено од универзитетскиот професор, психолог и психотерапевт Слаѓана Анѓелкоска.

Тестирањето на 2.034 ученици од 7 до 15-годишна возраст низ Македонија покажало дека децата имаат сериозни проблеми со концентрација, не можат да се фокусираат, не можат да запомнат содржини и се зачудувачки слаби кога треба да испланираат ментална активност или да ја спроведат.

Дали креираме неспособни генерации? Како овие деца ќе се снајдат подоцна во животот? Каква е нивната иднина, а со тоа и иднината на општеството?

На овие теми разговараме со психолог Анѓелкоска.

Разговараше
Маја ВАСЕВА-ТРАЈКОВА

*Извор на Фотографијата: Меѓународен Славјански Универзитет

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК