„Фокус“ во овој број ви ги претставува кандидатите за ректор на најстарата високообразовна институција во Македонија – Универзитетот „Свети Кирил и Методиј.“
Во трката за нов прв човек влегуваат актуелната ректорка – Билјана Ангелова и професорот на Машинскиот факултет, Дарко Данев.
За професор д-р Дарко Данев, падот на Шангајската листа е сериозен аларм и бара преземање итни чекори во три насоки.
Прво, мултидисциплинарни истражувања по „нарачка“ – да се формираат тимови на УКИМ што ќе работат на најактуелните светски теми, со обезбеден пристап до соодветни лаборатории и бази на податоци, со цел објавување во списанија со висок импакт-фактор.
Второ, мобилизирање на дијаспората – да се вмрежат нашите најуспешни научници од странство со домашниот кадар за заеднички проекти и трудови.
И, трето, да се обидеме да ја донесеме светската научна елита на УКИМ – наменски донации и фондови да се употребат за гостувања на нобеловци и врвни светски умови.
Разговараше
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК