Една од најстратешките институции во државава, Македонска навигација (М-НАВ) е разнишана од недостиг од контролори на летање, застарена опрема и од партиски вработувања.
Во интервју за „Фокус“, претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски зборува за правните битки околу забранетиот штрајк, за опасностите што ги носи недостигот од стручен кадар и за тоа како политиката со години го загрозува функционирањето на воздухопловната навигација во земјава.
Тасевски открива дека во моментов, во Македонија има само 70 контролори на летање, иако потребни се 130. Тој зборува за старите радари и застарената опрема, за политичките влијанија при вработувања и за штрајкот, кој му беше забранет, но кој синдикатот го најавува повторно.
Главниот приоритет на синдикатот, вели Тасевски, не се плати, туку обезбедување професионални услови за работа и стручен кадар за безбедност на авиосообраќајот.
Разговараше
Орце КОСТОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК