Законот за соодветна и правична застапеност овие денови ја вжешти атмосферата во законодавниот дом, особено меѓу претставниците на власта и опозицијата во албанскиот политички блок.
За тоа, за реформската агенда, во која најжежок костен во рацете е консензуалното носење на Изборниот законик и какво е неговото мислење за изборниот модел, но и за тоа што сработил парламентот на половина од мандатот, „Фокус“ разговараше со претседателот на највисоката претставничка институција за граѓаните, Африм Гаши.
Неизоставно се наметна и темата за уставните измени, односно кога би дошле на дневен ред „Бугарите во Уставот“ и дали таквата можност ќе се искористи за преименување на јазикот на „20 отсто од населението“, како и за категоризација на уставната тужба.
Гаши беше прашан и за платите и за патните трошоци на пратениците, за односот со опозицијата, како и за формирањето на ВРЕДИ, како еден од иницијаторите, и каков импакт имаше тој потег во вкупната политичка состојба и, особено, меѓу политичките претставници на Албанците.
Разговараше
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК