Реториката што во последните денови се употребува на релација Скопје – Софија ја заострува политичката тензија, која ексалира поради изборите во Бугарија и застојот со уставните измени во Македонија. Прво, премиерот Мицкоски, кој тврдо порача дека „ако треба ќе чекаме со децении, но политики што директно влијаат врз нашиот идентитет нема да прифати“, а потоа бугарскиот заменик-министер Рајков, со ставот дека „одредени кругови во Скопје повеќе се наклонети да изгубат уште време на македонските граѓани.“
Надворешно-политичкиот аналитичар Љупчо Поповски е уверен дека изјавите на Мицкоски изгледаат опортуно кога се гледаат од гледна точка на премиерот или на раководството на неговата партија. И, ваквата позиција на владата ја зацврстува затоа што не знае каква друга позиција да понуди.
Амбасадорот Ивица Боцевски, пак, смета дека пред да се влезе воопшто во т.н. „материјална расправа“ на оваа конкретна тема, треба, пред сè, да се одговори на некои фундаментални прашања. Прво дали вооопшто уште има импулс за европска интеграција, како што е замислена, поточно дали постои јасен процес, кој има завршница, или, пак Европската Унија во моментов не знае што да прави со земјите од Западен Балкан.
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК