Што е разликата меѓу интелигенцијата и мудроста? Интелигенцијата помага полесно да одговориш на прашањето КАКО нешто да направиш, а мудроста те тера да го поставиш прашањето ЗОШТО тоа нешто би го направил.
Интелигентен државник мисли како да победи во некоја војна, а мудар државник се чуди зошто воопшто би почнувал војна. Интелигентен политичар мисли како да промовира некоја идеја или кандидат, а мудриот политичар се прашува зошто таа идеја или тој кандидат воопшто би ги промовирал, а не некои други, сосема поинакви.
Од таму, добро би било мудроста да се активира пред интелигенцијата, но, за жал, лошото е што без прво да се направат еден куп суштински грешки поради имање слепа доверба во сопствената интелигенција, мудроста не може да се појави пред тоа.
Налик на парадоксот кога за да добиеш работа ти треба претходно искуство, но за да добиеш искуство, некој треба да ти даде работа, а ако немаш искуство, никој не ти ја дава.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК