Груби има компромитирачки снимки за екс соработници, ќе прозбори и за операцијата за враќање на Груевски?!

by bogdan 10:57
10:57

Во време кога поранешниот вицепремиер Артан Груби имаше голема политички моќ, во јавноста беа пласирани тврдења дека тоа, меѓу другото, е резултат на аудиоснимките, кои му ги дал поранешниот премиер Зоран Заев.

Сепак, тезата дека Груби поседувал дел од „бомбите“ на Заев, со помош на кои остварувал политички цели и амбиции, никогаш не доби официјална верификација, меѓутоа сознанијата до кои дојде „Фокус“, укажуваат дека Груби можеби во меѓувреме создал свои „бомби“, бидејќи преку неформален канал навестил дека, доколку се врати во земјава под поволни услови, дел од своите компромитирачки искази за поранешни соработници може да ги докаже, оти се документирани.

Покрај тоа, неофицијално дознаваме оти тој посочил дека не планира да настапи само со наводи во функција на одредени истраги и кривично-правни постапки, при што главен таргет би му биле петмина поранешни функционери.

Имено, нашите доброупатени извори велат дека тој ќе реактуализира и една тема со висок политички интензитет – планот за враќање на поранешниот премиер Груевски.

Во исчекување на епилогот дали и какви „бомби“ ќе детонира Груби, премиерот Христијан Мицкоски порача во минатото многупати мерките за обезбедување знаеле да бидат променети, што многумина го протолкуваа како порака до екс вицепремиерот дека куќниот притвор во иднина може да се претвори во затворски притвор, доколку тој не го исполни она што го ветил.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК