Државниот завод за ревизија констатираше дека државни спортски објекти се даваат под закуп на долг период за мали закупнини, дека закупците не ги напуштаат објектите и бесправно ги користат, па дури и дека се отуѓува имот од јавен интерес преку извршни постапки.
Притоа, ревизорите издвојуваат еден исклучително интересен случај, а тоа е спорната и проблематична приватизација на градскиот базен во Делчево.
Имено, во ревизорскиот извештај стои дека за овој базен е спроведена постапка за продажба по основа на извршување за наплата на побарување, што, според ревизорот, не е во согласност со Законот за извршување.
Во таа насока, од ЈП за стопанисување со спортски објекти, кое порано го поседувало овој имот, велат дека Министерството за спорт е надлежно за дејноста спорт и патем е надлежно да преземе „соодветни законски и правни мерки, активности и дејства за заштита на државниот капитал“.
Од Министерството, пак, најавуваат дека ќе ги покренат „сите законски постапки за да се испита овој случај“ доколку бидат задолжени, додека од владата се категорични дека за незаконското продавање на базенот во Делчево ќе постапат органите во посебни постапки, бидејќи, според Законот за спорт, отуѓување на објекти за спорт е кривично дело.
„Фокус“ обезбеди имотни листови, вештачење и друга документација, која открива како течела извршната постапка преку која овој имот бил продаден, која компанија станала газда на базенот и под колку услови, кои доверители биле обесштетени со обезбедените средства и за колкави побарувања станува збор…
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК