Случајот „Рекет“ се локализираше на неколку обвинети и неколку жртви, ниту Камчеви се единствените жртви, ниту Јанева и Боки се единствените вмешани во аферата, вели професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, во интервју за „Фокус“.
Смета дека некој си поигра со нашата правна и политичка историја и никој за тоа не се извини, ниту за изборот на Јанева, ниту за поддршката што му ја даваше власта на Јовановски.
Професорот тврди дека случајот „Империја“, во кој се гони бизнисменот Камчев, не може да се оживее и порачува дека не може да се дозволи случаите да се воскреснуваат по политичка потреба.
Разговараше
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК