Голем пропуст во целата оваа голема несреќа е и што немало опрема за првично намалување на пожарот и правење пат за евакуација.
Во објектот имало два, наместо осум задолжителни ПП апарати. Згора на сè, едниот од единствените два, бил несоодветен.
Од видеата што се споделуваа на социјалните мрежи, се гледа дека се прават првични обиди огнот да се изгасне на две места.
На бината, според информациите на „Фокус“, огнот се обидува да го изгасне Дејан Јованов-Деко, сопственикот на дискотеката.
Но, токму ПП апаратот во неговите раце бил несоодветен.
Тој бил полн со јаглерод диоксид, наменет за гаснење електрични уреди под напон, а не пожар од ваков вид каков што беше во „Пулс“.
Пишува
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК