Настрана новогодишните и божикните желби за здравје, грубата реалност е дека скопјани ги дочекаа и ги поминаа празниците дишејќи отровен воздух, бидејќи Скопје беше и сѐ уште се наоѓа на врвот на листата на најзагадените градови на Земјината топка.
Како и за сѐ друго, така и за аерозагадувањето, актуелната политичка елита ги обвини своите претходници, кои, пак, ги обвинуваа нивните претходници, и се така во круг.
Додека тие ја префрлуваат одговорноста, годишно умираат речиси 3 илјади луѓе како последица на канцерогените честички во воздухот.
Во меѓувреме, се изнаслушавме за разни стратегии и планови и се изнагледавме секакви краткорочни мерки за справувањето со аерозагадувањето, кои во пракса ништо конкретно и значително не променија, т.е. не подобрија.
Сега, надлежните повторно бараат повеќе време и трпение од граѓаните за да се реши проблемот. Но, до кога? И по која цена?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК