Ќе земам како илустрација одредени шлапатарења за „Фокус“. Деновиве бевме шашардисани во редакцијата од зголемениот интерес на пријателите дали неделникот е продаден! Обично одговарав – да, „Фокус“ се продава, ама низ трафиките. Купувачи се нашите читатели.
Арно ама, ме просветлија дека „веста“, авторство на Миленко Неделковски, била дека „Енвер Малиќи и Боки 13 го купиле Фокус“. Боже, која дилајла!?
Сакав да им појаснам на нашите читатели за „нештата да им бидат појасни“. Оние, пак, што „не нѐ читаат, ама виделе наслов случајно на трафика“ или го обожаваат тестото замесено со „миленковача“, можат да си продолжат со некрофилските коментари за „Фокус“ и за Никола. Толку им сече, едноставно!
И секако, не ми беше намерата да полемизирам со такви креатури.
Оти, што би рекол Бернард Шо: „Не се борете со свиња. Двајцата ќе се извалкате, но свињата ќе ужива во калта!
Пишува
Јадранка КОСТОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”