Фирма без лиценца во моментов „транспортира“ медицински токсичен отпад од болниците?!

by bogdan 10:58
10:58

Во бројните документи со кои располага „Фокус“, може да се забележи дека лиценцата на компанијата за транспорт на медицински отпад истекува на 2 ноември 2026 година, што значи дека тие во моментов не можат да транспортираат токсичен отпад од болниците со кои во последната година имаат склучено договори.

Барем тоа не смее да се случи сè додека не ја обноват или, пак, се во процедура на издавање нова лиценца во времетраење од десет години.

Во периодот пред официјално да им истече лиценцата, оваа компанија има добиено преку 50 тендери со разни болници за транспорт на медицински отпад, а сите договори се со времетраење од една година, што значи дека и по истекот на лиценцата тие имаат склучен договор за бизнис-соработка, која мора да ја исполнат.

Но, што се случува во меѓувреме?

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК