Точна е тезата дека СДСМ е многу различна партија денес отколку во деведесеттите години. Ако тогаш во неа беше собрана сета академска, дипломатска, стопанска и општо духовна аристократија, денес главнината на силите на оваа партија ја сочинуваат локални партиски интересџии, провинциски моќници, па дури и ситни лопови поради кои на раководството секојдневно му се случува тоа што му се случува.
Но и покрај сите овие заслужени црни епитети факт е дека секој член на СДСМ слепо верува во евроатлантските интеграции на Македонија и спремен е многу да жртвува за постигнување на таа возвишена цел оставена од аманетот на Киро Глигоров.
Начин на размислување кој апсолутно го нема во ВМРО-ДПМНЕ иако и тие никогаш не биле против интеграциите, но за разлика од СДСМ, не по секоја цена. Оттука, без разлика на сите слабости, денешниот СДСМ идеолошки гледано е во голема мера наследник на оној СДСМ кој го знаеме триесет години наназад
Пишува
Дејан АЗЕСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК