Интеграцијата во ЕУ е стратешка државна цел, која, доколку не се оствари, може да предизвика негативни импликации на внатрешен план, но и во регионална и во геополитичка смисла.
Ако за нешто има цврста согласност меѓу Македонците, Албанците и другите етнички заедници, тоа е интеграцијата во ЕУ, бидејќи сите ја поврзуваат со трансформација на општеството, демократизација на институциите и повисок животен стандард, што е општ и заеднички интерес.
Меѓутоа, уште побитен аспект за стабилноста и развојот можеби се меѓуетничките односи, кои мора да се негуваат и надградуваат како темел и столб на општеството, а не да се користат како тема за дневно-политички цели, зависно од тоа дали некоја партија е на власт или во опозиција.
Едноставно, манипулациите на ова прашање предизвикува силни тензии и поларизација, чии ефекти може да бидат долгорочни.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК