Па, како изгледа една вистинска реформа, која од институцијата ќе направи вистински сервис за граѓаните.
Како да се направи бачило по мерка на овците?
Никако. Бачилото како концепт е по дефиниција направено по мерка на овчарот, а на овците не им треба бачило.
Така и со сите обиди да се направат институции кои ќе им служат на граѓаните. Институциите по дефиниција им служат на оние кои ја имаат власта. На граѓаните не им требаат институции. Реално да збориме, не им требаат.
Барем не 90 отсто од оние кои постојат, а и оние кои ќе останат после евентуалната сеча, треба да се редуцираат во обем за 90 отсто. Единствено бачило кое ќе биде по мерка на овците е она кое не постои.
Единствената институција која ќе работи по мерка на граѓаните е онаа која ги остава граѓаните да функционираат, работат и дејствуваат без да имаат потреба од неа.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”