Скопската државна Кардиохирургија се соочува со низа скандали од нарушени меѓучовечки односи, до зголемена смртност на пациенти.
Според обвинувањата на дел од вработените, во заднина со клиниката управуваат поранешен директор, кој игра со двете најголеми партии, но е заштитен од владејачката гарнитура, анестезиолог-раководител, во јавноста позната по нејзините кумски врски со екс премиер на државата, како и кардиохирург, кој има блиски релации со актуелната власт.
За само кратко време, четворица анестезиолози, поради мобинг и страв, ја напуштиле болницата, а тие се клучни за која било операција.
Во меѓувреме, дел од пациентите починале поради лекарска грешка или интрахоспитални инфекции, од кои фаќаат сепса.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК