Градоначалникот на Куманово и лидер на владејачката ЗНАМ, Максим Димитриевски јавно порача дека не живее од функционерската плата, туку, како што рече, од 1998 година се занимавал со бизнис, работел во странство, инвестирал и реинвеститал…
Со оглед дека себеси се претставува како успешен бизнисмен, печалбар и инвеститор, извршивме проверки кои фирми ги поседувал Димитриевски, но и каков имот стекнал, пред сè додека ја извршувал градоначалничката функција?
Па, така, според податоците што ги обезбеди „Фокус“, со неговото име директно се поврзуваат 2 фирми во земјава, од кои едната е одамна ликвидирана, а за другата се води стечајна постапка – и двете имале незначителен обрт пред да пропаднат.
Воедно, тој поседува удел и во компанија во Бугарија, која е неактивна на пазарот, додека неговата сопруга е косопственик на домашно друштво, кое работи со континуирани загуби.
Притоа, семејното имотно досие го сочинуваат и недвижности – земјоделско земјиште, куќа, стан, потоа банкарски сметки за кои не навел сума, значителен арсенал на оружје…
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК